Уапсен наставник во Црна Гора: Кога полицијата виде што има во компјутерот, го прогласи за педофил

Полицијата утринава уапси 40-годишен наставник во училиште во околината на Апатина, Црна Гора поради сомнеж дека извршил кривично дело, прикажување, прибирање и поседување на порнографски материјал и искористување на малолетни лица.


С.М. се сомничи за искористување на малолетничка за порнографски цели и собирање фотографии и видеа од детска порнографија која ја разменувал со други корисници на ваков материјал.
За време на претересот на неговиот стан одземен му е компјутерот, надворешен хард диск како и повеќе од 90 гигабајти материјал, меѓу кои видео и фотографии од малолетни деца.
Засега му е определен притвор од 48 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.