Уапсен озлогласениот педофил, најбараниот човек по убиството на Бин Ладен

Американецот Ерик Џастин Тот, осомничен за злоставување и порнографски снимки со деца е уапсен во Никарагва, објави ФБИ.

Тот бил меѓу десетте најбарани криминалци на списокот на ФБИ по убиството на Осама бин Ладен.
 Тој бил учител во основно училиште во Вашингтон, а разоткриен е во 2008 година кога бил пронајден училишниот фотоапарат којшто го користел, а на кој имало порнографски фотографии со деца.
 Тот после тоа исчезнал, а ФБИ тргна по негова потрага. На листата  на најбарани бегалци го замени убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а за информација за него ФБИ нудеше 100.000 долари. 
 Во понеделник бил уапсен во Никарагва и ќе биде предаден на американските власти. На Тот му се заканува казна од 15 до 30 години затвор. Списокот на најбарани криминалци е објавен прв пат во 1950 година и до денешен ден на него имало 495 луѓе, од кои се уапсени 465.
Макфакс
Американецот Ерик Џастин Тот, осомничен за злоставување и порнографски снимки со деца е уапсен во Никарагва, објави ФБИ.

Пронајдете не на следниве мрежи: