МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно обезбедена судска наредба, извршиле претрес кај А.С.(21) од Скопје, при што пронашле и одзеле четири килограми марихуана, 18 паковки кокаин, една дигитална вага, еден боев пиштол ЦЗ 7.65 со пет куршуми,…
А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.