Продуцентот Б.С денеска е уапсен во Белград бидејќи на протестот „Србија против насилството“ носеше транспарент на кој беше “обесена” кукла со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со јамка околу вратот, соопштија за Танјуг од српското МВР.
Нему му е одреден притвор до 48 часа за кривично дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.
Б. С. ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.