Актерката Ева Мендез тврди дека е толку влакнеста што мора да го бричи лицето „секој втор ден“, а поради тоа дури себеси се опишала како „ѕвер“.
Откако кубанско-американската ѕвезда ја откри тајната на својата беспрекорна кожа на Инстаграм, а станува збор за методата „dermaplaning“, еден заинтригиран следбеник ја прашал колку често треба да се прави тоа.
„Еднаш месечно, на секои 2 недели…?“, на што Мендез му одговорила: „Јас сум ѕвер, па веројатно треба секој втор ден“, шегувајќи се на своја сметка.
49-годишната Мендез тврди дека е доволно само да се наежи за да ѝ пораснат влакна, па дури и ако е среде бричење на нозете под туш.
„Dermaplaning“ е инаку техника која вклучува користење на осцилирачки сечила за отстранување на површинскиот слој на кожата, што ги отстранува и влакненцата кои многу луѓе природно ги имаат на своето лице.
Третманот исто така ја намалува појавата од флеки од акни, фини линии и брчки. И додека така наречената метода звучи пософистицирано, Ева сака да ги нарекува нештата со нивното поедноставно име, па затоа без задршка кажала дека „го бричи своето лице“, што предизвика бројни реакции.
„Добив многу коментари на мојата претходна објава од жени кои го бричат своето лице со години. Во ред, претпоставувам дека „dermaplaning“ е претпочитаниот збор, но тоа е што е и го обожувам!“, рекла актерката.