УБАВАТА ВАЊА ШПИОНИРАЛА ЗА РУСИЈА СРЕДЕ ЛОНДОН: Бугарка дел од тајна операција, имала салон за убавина како покритие, целата група уапсена

Вања Габерова (29) е меѓу петте наводни бугарски државјани кои се уапсени под сомнение дека се руски шпиони кои работеле на тајни операции во Велика Британија.

Убавата Вања е меѓународно призната козметичарка специјализирана за нокти и трепки. Девојка осомничена дека е руска шпионка, наводно се инфилтрирала во космополитската лондонска заедница.

УБАВАТА ВАЊА ШПИОНИРАЛА ЗА РУСИЈА СРЕДЕ ЛОНДОН: Бугарка дел од тајна операција, имала салон за убавина како покритие, целата група уапсена

„Мирор“ пишува дека Габерова секое утро купувала Ред Бул и цигари во продавница спроти нејзиниот салон за убавина „Pretty Woman“ во западен Лондон, а за време на паузите за ручек често одела во блиското португалско кафуле „Виламура“. Таму уживала во кафе и багет со сирење.

  • Таа е прекрасна жена, многу дискретна, љубезна. Меѓутоа, нејзиното момче ми беше чудно. Таа е далеку попривлечна од него. Сакала да купи цвеќарница во близина, но не можела. Никогаш немаше да се посомневам дека Вања е шпион, но ако беше, ќе беше добар шпион – изјавил сопственикот на кафулето Тиаго Ногериа.

Мирор претпоставува дека Габерова го отворила салонот со своето момче пред почетокот на пандемијата на коронавирус.

Една клиентка, која доаѓала да и ги средува ноктите на секои три месеци, ја опишала Вања како многу професионална козметичарка.

  • Таа е многу убава дама. Никогаш не зборуваше за себе и никогаш за политика. Правела нокти како хоби. Таа беше многу професионална и сите нејзини клиенти беа презадоволни од нејзината работа – изјавила жената.

Пријателката на Вања открила дека козметичарката заминала во странство со нејзиното момче кое морало да се оперира, најверојатно во Грузија, а во последните две години ја нема. Салонот за убавина сега е затворен, но бил отворен до февруари, кога Габерова била уапсена.

Еден бизнисмен рече дека во последниве месеци во салонот имало вработена, а не Габерова. Таму имало две соби со кревети за масажа. Во ходниците беа поставени камери.

Габерова се нарекува себеси експерт за продолжување на трепките и има освоено награди во Велика Британија, Бугарија и Русија.

Орлин Русев (45), Бизер Замбазов (41), Катрин Иванова (31) и Иван Стојанов (31) во вторник ќе бидат официјално обвинети и за „заговор за шпионирање“. Обвинителството соопшти дека групата дејствувала од 30 август 2020 година до 8 февруари 2023 година.

Мирор наведува и дека Замбазов и неговата партнерка Иванова работеле нормални работи, често уживале во пржени компири во кафуле, а често ги воодушевувале соседите носејќи им колачи и пити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.