Медицинска сестра од итната помош открива зошто мажите не можат да издржат во врска со жена која ја работи оваа работа.
За разлика од многу девојки денес кои без извинување на социјалните мрежи се претставуваат како медицински сестри, докторки, професорки или адвокати, Ким навистина е тоа што кажува дека е. Таа работи како медицинска сестра во итната помош во Дортмунд и има 23 години.
Ким се здоби со голема популарност на социјалните мрежи, каде што редовно објавува содржини поврзани со работата. Само на социјалната мрежа Инстаграм ја следат речиси половина милион луѓе, а несомнено е дека привлекува големо внимание поради нејзиниот атрактивен изглед. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а едно од најпопуларните е насловено – „Еве, за жал, така е“.
Ким решила да им се обрати на сите оние кои секојдневно и се додворуваат. Со оглед на тоа дека поголемиот дел од денот го поминува на работа, секојдневно добива комплименти и понуди од колегите, но и од пациентите кои ги среќава на терен. Ким сакала да објасни зошто има лоши страни во врската со работата и врската со медицинска сестра.
„Сите сакаат жена во униформа, додека не сфатат дека…“ започнала вака Ким и ги наброја недостатоците:
спие цел ден;
работи со многу згодни доктори;
никогаш не одговара на пораки;
таа никогаш не е дома кога е нејзиниот партнер дома;
таа никогаш не престанува да зборува за своите пациенти;
секогаш ги проверува вените на партнерот.