Убави и корисни: Овие цвеќиња ќе привлечат пари во вашиот дом

Еден од најпознатите неутрализатори на негативната енергија во домот се зелените растенија, кои според верувањата од минатото, привлекуваат енергија на благосостојба и богатство. Според фенг шуи, присуството на така нареченото „дрво за пари“ во просторијата позитивно влијае на работните способности, на работата и на сопственикот му носи дополнителна заработка.
Еве кои најпознати билки привлекуваат пари:
1.Красулата


Красулата е дефинитивно најпознатата билка која привлекува пари. Потекнува од Јужна Африка, а името го добила по листовите со овален облик кои потсетуваат на парички. Може да порасне до висина од 3 метри, цвета во текот на зимата па сè до пролетта и тоа со ситни бели цветови.
Бара зимско мирување, период во кој билката треба да ја залевате со што помалку вода, еднаш до 2 пати во текот на зимата. Температурата во тој период не треба да падне под нулата бидејќи ќе смрзне. Ако ја чувате во стан и на топло, може почесто да ја полевате.
2. Пахира ( Pachira Aquatica)


Оваа билка се нарекува и дрво на пари. Поради атрактивниот изглед и верувања дека носи среќа и пари во домот, одамна е популарна билка за одгледување во домашни услови. Потекнува од Средна и Јужна Америка каде расте како дрво кое достигнува висина од 18 метри.
Во домашни услови нејзината висина е од 60 сантиметри па до 2 метри. Има три, пет или повеќе стебла кои меѓусебно се преплетени и на тој начин формираат централно стебло. Цвета по три години старост, но многу ретко во затворен простор.
Лесно е за одржување. Сака светлина, но не смее да биде изложена директно на сонце. Идеална собна температура е од 16 до 24 степени, додека во зима до 14 степени. Добро е да го залевате со стоена вода.
3. Кинески долар (Pilea peperomioides)


Како што кажува самото име, потекнува од Кина. Најпопуларна е во скандидавските земји. Се одгледува како собна билка.
Иако доаѓа од планински предели, нема да ја преживее зимата надвор. Значи, на есен веќе треба да ја внесете на собна температура. Сака вода и треба често да ја полевате. Исто така, сака и светлина, но не директно изложување на сонце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.