Убедливо водство на Нова демократија на изборите во Грција со пребројани 38 отсто од гласовите

 Со пребројани 38,14 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, на парламентарните избори во Грција, Нова демократија е во убедливо водство пред СИРИЗА со над 20 отсто повеќе гласови, а во Парламентот место обезбедуваат пет партии.

Убедливо водство на Нова демократија на изборите во Грција со пребројани 38 отсто од гласовите

Нова демократија 41,09 отсто и 145 пратенички места

СИРИЗА 20,03 проценти и  71 пратеничко место

ПАСОК- Движење на промена 12,38 отсто – 44 пратенички места

Комунистичка партија на Грција 6,87 отсто- 24 пратенички места

Грчко решение 4,52 отсто и 16 пратенички места

Со изборните резултати и пропорционалниот модел, Нова демократија нема можност да формира еднопартиска Влада, па така, се очекува да се одржат втори избори на почетокот на јули.

Излезноста, според првичните официјални информации е 56,8 отсто.

Пронајдете не на следниве мрежи: