Кандидатката за градоначалник на југозападна Колумбија, Карина Гарсиј е убиена. Во нападот, кој наводно, го извршиле дисиденти од демобилизираната герилска група ФАРК се убиени уште пет лица, соопшти колумбиската влада. Меѓу нив се мајката на Гарсија, тројца локални активисти и кандидат за општински одбор.
Убиството на првиот кандидат за локалните и регионалните избори во октомври се случило неколку дена откако некои истакнати поранешни членови на бунтовничката група објавиле дека повторно се вооружуваат, пренесува “Ројтерс“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.