Убиена правнуката на Џемал Биједиќ! Лана и рекла на мајка си дека оди на кафе со пријателка и не се вратила!

Мостар е во шок и неверување откако од Обвинителството на Западнохерцеговскиот кантон е потврдено дека Лана.Б.(19) е девојката чие тело синоќа е извлечено од водите на реката Студенчица крај Мостар.
Несреќната девојка е Лана Биједиќ од Мостар, која деновиве се подготвувала да тргне на факултет во Сараево. Таа е ќерка на позната универзитетска професорка од Мостар и правнука на сојузниот премиер на поранешна СФРЈ, Џемал Биједиќ кој во 1977 година настрада во авионска несреќа.
Нејзиното исчезнување вчера во 17 часот го пријавиле нејзините родители, откако не се вратила “од кафе со пријателка“, како што и кажала на мајка и, по што настанала паника.
Како што неофицијално се дознава девојката не е убиена со огнено оружје, а на лице место на трагичниот настан и на нејзиното тело се пронајдени траги кои укажуваат дека се борела со убиецот. Подетални информации се очекуваат утре, по завршената обдукција.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.