Договор за сексулен однос била основата на убиството на 50-годишниот Македонец Игор Н. во Сончев Брег.
Калојанов од полицијата во Бургас и надзорниот обвинител Иван Кирков објавија детали за тешкото кривично дело извршено од страна на 14-годишниот Михаил.
Веројатно убиството се случило во саботата, а исчезнатиот Македонец во вторникот наутро го пријавил неговиот внук, со кого дошле заедно да работат за време на летната сезона.
„Истиот ден беше прогласена потрага по него. Полицијата почнала со акции, испрашувала сведоци, гледала снимки од видео камерите, откривајќи дека Игор се движел со малолетник. Кривичните истражители веднаш утврдиле дека се работи за 14-годишниот Михаил Н. Го однеле на распит во РУ-Несебар и додека разговарале со него добиле порака за пронајдено тело. Веднаш била формирана група, се преземаат процесни и истражни дејствија за утврдување на вмешаност на малолетникот. Во текот на овие дејствија е утврдено дека тој е сторителот“, изјави високиот комесар Калојан Калојанов.
Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден. Потоа договориле сексуален контакт. Тие отишле во шумата. По пристигнувањето, почнале превирања. Игор се налутил, го повлекол, во тој момент малолетникот земал дрвен кол и почнал да го удира 50-годишниот Македонец по главата. Го убил со неколку удари, па му ги зел парите – 1.800 лева. Со нив пазарел на Сончев брег, објасни директорот на ОДМВР-Бургас. Недостасува и телефонот на жртвата, кој се уште не е лоциран.
Малиот Михаил има криминално досие, против него се водат и други предистражни постапки – за разбојништво и кражба. Не е познато дали посетува училиште. Тој е од семејство со низок социјален статус.
Обвинителот Иван Кирков објасни дека поради возраста на момчето, максималната казна што може да ја добие е до 5 години затвор. Меѓутоа, доколку обвинението се преквалификува казната може да биде поголема, рече обвинителот Кирков.
Македонскиот државјанин Игор пристигнал на Сончев Брег два дена пред убиството. Работел кај бугарски бизнисмен – тука во летната сезона, а на зима – во Банско.