Синоќа во 22:40 часот македонската јавност ја потресе убиство во кое животот во автомобил во Слупчане го загубија две лица.
ТВ“Телма“ дознава дека станува збор за Ахид Салахи од село Опае на возраст од 47 години и неговиот 9-годишен син Амар С. Телата на таткото и синот биле пронајдени во атарот на Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“ во патничко моторно возило марка “Опел Астра“. Во нив било пукано, а засега не се знае сторителот, ниту пак мотивот за крвавото убиство.
Телата на убиените се предадени на обдукција во судска медицина, а повеќе детали се најавени за во текот на денот.