Убиено седумнаесетгодишно момче во Ново Лисиче

Момче на возраст од 17 години починало од убодна рана која му ја задал познаник во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава “Слободен печат“. Немилиот настан се случил неколку минути по полноќ. Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош. Но, поради обилното крвавење, тоа за жал починало. Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.