Убиен кандидат за градоначалник во Мисисипи

Марко Мекмилиан (34), кандидат за градоначалник на Кларксдејл во Мисисипи, САД, е пронајден мртов во близина на реката во среда, како жртва на убиство, соопшти полицијата.

Мекмилиан бил деклариран хомосексуалец, но како што соопштија надлежните неговото убиство не е мотивирано од омраза кон луѓето со различна полова оринетација, а не е ниту политички мотивирано, јави Reuters.
 Полицијата има притворено еден осомничен, но сè уште не го објавила неговото име ниту, пак, против него е поднесена тужба.
 Мекмилиан бил исчезнат од вторникот утрото, кога неговото спортско возило удрило во пикап, при што неговиот возач е најден на местото на несреќата, но Мекмилиан не бил со него, па полицијата наредила потрага.
 Неговото тело било најдено во близина на реката Мисисипи, во средата.
 Мекмилиан завршил на Државниот универзитет во Мисисипи, и бил директор на својата непрофитна организација за консултации, а пред извесно време се преселил од Мемфис во родниот град Кларксдејл, за да се кандидира за градоначалник од редовите на демократите.
 Иако, Мекмилиан беше хомосексуалец, неговата кампања се засноваше на намалување на стапката на криминалот и невработеноста во Кларксдејл, град со 18.000 жители, соопшти шефот на неговата кампања.
Макфакс
Марко Мекмилиан (34), кандидат за градоначалник на Кларксдејл во Мисисипи, САД, е пронајден мртов во близина на реката

Пронајдете не на следниве мрежи: