„Убиен“ џихадист се појави на интернет, им се потсмева на тие кои мислеа дека е мртов

Еден од лидерите на џихадистите, припадник на групата „Јамат Нусрат ал-Ислам вал-Муслимин“ од Мали, за кого се веруваше дека веќе е мртов со месеци, се појави на видеоснимка, објави Би-би-си.
По рација на француските војници спроведена минатата година, портпаролот на војската на Мали и францускиот министер за одбрана потврдиле дека Амадо Коуф е мртов.

Но, тој се појави на нова снимка која кружи низ светот. Автентичноста на видеото во кое тој им се потсмева на извештаите за неговата смрт, ја потврди американска мониторинг група.
На снимките во траење од 19 минути, Коуф, кој на себе има бел турбан, им се потсмева на француските војници и на силите на Мали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.