Убиецот кој ја изрешета бремената сопруга во Приштина се самоуби во присуство на полицијата!

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека убиецот на бремената жена М. Х. (35), 31-годишниот Сокол Халили се самоубил денеска во присуство на полицијата, откако бил локализиран од органите на прогонот.

Убиецот кој ја изрешета бремената сопруга во Приштина се самоуби во присуство на полицијата!

Според Свечља, наспроти обидите на полицијата да преговара со него, Халили одбил да се предаде и извршил самоубиство.

– По интензивната работа на сите единици, Полицијата на Косово успеа да го локализира местото каде што се наоѓа убиецот Сокол Халили. Наспроти напорите на полициските службеници да преговараат за негово предавање, убиецот изврши самоубиство.

Полицијата на Косово и Полицискиот инспекторат на Косово ќе ја продолжат истрага за расветлување на сите околности на убиството на бремената жена и самоубиството на сторителот, напиша Свечља на неговата страница на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.