Заради силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова бугарски суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор. Телото на новинарката беше пронајдено на 6 октомври минатата година во реката Дунав во градот Русе, во северна Бугарија.
Обвинетиот Красимиров (21-година) се изјасни за виновен и побара што побрзо да му биде изречена пресудата. Истражителите заклучија дека Красимиров сам го извршил убиството. Тој беше уапсен во Германија, каде пребегал, а беше испорачан на Бугарија една седмица по извршениот злочин. Со тоа што се изјасни за виновен Красимиров избегна доживотен затвор, а во рок од 15 дена има можност да поднесе жалба на донесената пресуда.