Грозоморно убиство во Драчево кое вчера ја потресе македонската јавност денес открива пошокантен и погрозен пресврт на настаните. Тој, сепак не ја заклал својата 66-годишната баба туку и го прегризал гркланот, ги откриваат морбидните детали за “Нетпрес“ извори од истрагата. Според информациите убиецот, нејзиниот 20-годишен внук А.Р., вршел секташки обред.
Неофицијално, тој веднаш по настанот, сам се пријавил во полиција, каде го признал делото, ги раскажал деталите, потврдил дека е припадник на секта и дека убиството го сторил како дел од сатанистички ритуал.
Освен тоа, иако не е потврдено ова не е прв случај младото момче да ја потресе јавноста. Се верува дека станува збор за истото лице кое неодамна ја осквернави црквата „Свети Спас“ во Драчево, испишувајќи сатанистички симболи и пентаграми на храмот. Повторно неофицијално, тој се поврзува и со немилиот настан со преполовеното маче, оставено во локва крв.
Отец Оливер од црквата „Свети Спас“, во изјава за “Нетпрес“, вели дека го познава момчето и за него знаел дека е психички нестабилен, но додаде и дека нема информации дека момчето е поврзано со сквернавењето или пак со било која секта.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.