Убиецот од Цетиње бил условно осуден, експлозив бил пронајден кај него при претрес во 2022

Вршителот на должноста директор на полициската управа во Црна Гора, Лазар Шќепановиќ вели дека ова е втора трагедија во последните две години што го погоди Цетиње. Осомничениот напаѓач Ацо Мартиновиќ бил претресен во 2022 година, кога кај него било пронајдено оружје. За тоа кривично дело првостепено е осуден на три месеци затвор, но пресудата не е правосилна.

Во 2005 година тој бил условно осуден поради насилничко однесување.

Според Шќепановиќ, вечерва осомничениот Ацо Мартиновиќ отишол да земе огнено оружје и убил четири лица по вербална расправија со гостите со кои престојувал во кафеаната.

Тој вели дека убиствата се случиле на три локации, каде меѓу 10-те лица усмртил и две малолетни на возраст од 10 и 13 години.

-Лицето е претресено во 2022 година и кај него е пронајдена воздушна пушка, неисправно оружје и експлозиви. Првостепено е осуден на три месеци затвор. Поднел жалба, а пресудата не била потврдена за да биде во ЗИКС“, рече тој.

Мартиновиќ е облечен во црна гардероба, а Шќепановиќ ги повика граѓаните да пријават каква било информација за неговото движење.

Сите полициски сили се во Цетиње.

Пронајдете не на следниве мрежи: