Жената која предизвика бес кај јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со 18 години стара жирафа која ја уби во Јужна Африка, се обиде да ја оправда својата постапка и рекла дека не станува збор за загрозен вид на жирафа.
Тес Томпсон Талеј од Кентаки објави фотографија со животно кое го убила за време на посета на сафари во Јужна Африка минатата година.
“Молитвите ми се исполнија, бидејќи денес ми се оствари сонот. Го погледнав тој редок пример на мажјак на црна жирафа и го следев некое време. Веднаш знаев дека тоа е тој. Имаше повеќе од 18 години и 1,800 килограми. Бев благословена што од него успеав да извлечам околу 900 килограми месо”, напишала таа под објавата.
Нејзината фотографија брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бес кај поголемиот дел од јавноста.
“Бела американка која е неандерталец дојде во Африка и уби многу ретка црна жирафа благодарејќи на глупостите на Јужна Африка. Нејзиното име е Тес Томпсон Талеј. Ве молам да споделите”, напиша на објава на Твитер “Africa Digest”.
Критики за американскиот ловец пристигнуваа и од славните личности, па така глумицата и активистка Дебра Месинг рекла дека чинот на Тес е одвратен, злобен, неморален и себично убиство.
“Со радост во своето црно срце таа се смее покрај убиената жирафа во Јужна Африка. Жирафите кои се вистински пример за нежни диви животни кои лесно крстарат во странство. Тоа се инспиративни и прекрасни животни кои деновите ги поминуваат јадеќи листови и се грижат за своите мали. Како можела да го направи тоа?”, напиша Месинг.
“Жирафата која ја убив припаѓа на многу типичен вид во Јужна Африка. Бројот на овој вид всушност се зголемува и токму тоа е благодарение на ловците и конзерваторските напори што ги плаќале повеќето за лиценците за лов. Овој вид воопшто не е редок, бидејќи жирафите биле потемни со години. Она што го направив се вика конзервација преку ловџиството”, рекла Тес во соопштението.
Со неа се согласува и Џилијан Фенеси, ко-основачот на Фондацијата за зачувување на жирафите.
“Жирафата на фотографијата припаѓа на видот “Giraffa giraffe” и тие се навистина ретки. Нивниот број во дивината всушност се зголемува. Легалниот лов не е причина за општото намалување на бројот на жирафите, и покрај моралните и етички огласи кои се сосема друга приказна”, вели тој.