УБИЛЕ АЈКУЛА КОЈА БИЛА ЗАКАНА ЗА ТУРИСТИТЕ А ПОТОА СЛЕДЕЛ ШОК! Се изненадиле што и пронашле во СТОМАКОТ!

Британец кој бил на одмор со сопругата исчезнал додека пливал. Неговото исчезнување го решила ајкула која пливала во близина на плажата.

СО ПУЛС24 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА АЈКУЛИТЕ

Британскиот турист кој исчезна на островот Реунион среде Индискиот Океан, источно од Мадагаскар, најверојатно бил изеден од ајкула. Имено, Британецот бил на одмор со сопругата, а тој ден отишол на пливање. Бидејќи долго време го немало, сопругата веднаш алармирала полиција. По него била започната опсежна потрага, но не бил пронајден.

Пандев: Дојдов во Фудбалската федерација за да го подигнеме нивото на фудбалот
Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев, на гостувањето во Дејли Клик на ТВ21 ги објасни причините зошто прифати да биде дел од новото раководство во Фудбалската федерација на Македонија, на чие чело од …
Касами ќе одвои 40.000 евра од општинскиот буџет за албанската академија
Општина Тетово ќе одвои 40.000 евра за таканаречената албанска академија на науките и со тоа е прва од четирите општини со кои раководат градоначалници од владејачката Вреди кои финансиски ќе го помогнат …

Целото подрачје го пребаруваа нуркачи, а брегот кучиња трагачи. Но, немаше трага од човекот додека локалните жители не убиле ајкула која пливала во близина на плажата и им се заканувала на туристите.

На ајкулата била извршена обдукција, а во стомакот била пронајдена човечка рака со венчален прстен што му припаѓала на исчезнатиот Британец.

Неговата сопруга изјавила на полицијата дека тој е многу добар пливач и дека не го видела како излегува од океанот.

Но, полицијата не ја исклучува можноста мажот да се удавил, а неговото тело да привлечело опасна риба. Станува збор за тигарската ајкула, која е најчестиот вид ајкула што ги напаѓа луѓето.

Нападите од ајкула не се непознати за островот Реунион.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.