Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладините

-Ние имаме кривично гонење по предлог на жртвата, а голем дел од нив ги повлекуваат своите пријави до Полицијата и може да се случи дури и кога ќе биде покреното и кривично гонење може странката во меѓувреме да ја повлече таа пријава и тогаш институциите остануваат токму со врзани раце и не можат да преземат ништо во таа смисла. Поради тоа често се случува самите насилници да добијат уште поголема сила и моќ да продолжат понатаму со насилството, вели Пеева.

Посочува дека во пракса се случува многу често и какошто вели еве за жал какошто е завчерашниот фемицид во Штип на ваков начин и ескалираат.

Психологот, Стојне Митева од струмичкото Здружение „Скај плус“ кое раководи со шелтер центар вели дека во изминатиот период имаат згрижено голем број на жртви на семејно насилство од Штип и тоа какошто вели меѓу кои и тешки форми на насилство.

-Сметам дека овде треба да го кренеме алармот, да се зголеми координацијата меѓу институциите и многу внимателно да се следат насилниците. Бидејќи праксата покажува дека, честопати насилството, прераснува во убиство за жал. Убиството на жени е фемицид и важно е така да се квалификува, бидејќи оваа и многу други жени се убиени само затоа што се жени, вели Митева.

Таа посочува дека во шелтер центарот во Струмица во текот на годинава се згрижени околу 30 жртви на семејно насилство, заедно со нивните деца. Во Штип завчера беше убиена Пешева од нејзиниот поранешен партнер, кој претходно има и извршено насилство. На сторителот на делото му е одредена мерка притвор од 30 дена. Инаку казните за сторено кривично дело фемицид се движат од 10 години до доживотен затвор.

Пронајдете не на следниве мрежи: