Никола Станковиќ (27) е убиениот во пукањето што се случило во белградската населба Калуџерица рано утрово, објави Телеграф.
Пукањето се случило околу 4:30 часот наутро, кога четири непознати лица отвориле оган врз Никола додека бил со неговата девојка Т.Д. (25), која била ранета во пукањето.
По пукањето напаѓачите избегале од местото на злосторството.
Според неофицијални информации на Telegraf.rs, девојчето Т.Д. било рането во раката и итно било транспортирано во центарот за итни случаи. Нејзината состојба засега е непозната.
Полицијата интензивно ги бара напаѓачите.
Никола Станковиќ бил познат на полицијата по голем број на кривични дела. Пред пет години, тој бил уапсен под сомнение за напад на поранешниот играч на Црвена Ѕвезда Алекса Терзиќ.