78-годишната жена, жртва на убиството во Гостивар, настрадала во сопствениот дом, дознава “Алсат“. Според нивните информации, сторителот бил во нејзината куќа, каде што имало уште две други лица и ги нападнал со нож.
Жената починала на самото место на настанот, а двете други лица, еден маж и една жена, се пренесени на скопските клиники. Според неофицијални информации на “Алсат“, мотивот за убиството се нерасчистени долгови.