Претпладнево во скопската населба Маџари се случила сообраќајна несреќа и убиство. Како што тврдат очевидци две лица се здобиле со прострелни рани во воружената пресметка која се случила во близина на пругата пред кванташкиот пазар, а едниот од повредените починал.
За сега за трагичниот настан се шират две информации. Едната е дека прво се случила сообраќајна несреќа по што настанала вооружена пресметка, а втората дека станува збор за пресметка на криминалното подземје и дека застреланите лица биле чекани во заседа.
Повеќе детали се очекуваат од официјална информација на МВР.