Убиство во хотелот на руската репрезентација

Нов хорор се случи за време на Мундијалот! Келнер, во неделата го заклал куварот во хотелот, каде инаку биле сместени руските репрезентативци.
28 годишниот келнер Димитри од хотелот Олимпик Вилиџ во Новогорск, московски регион во Химки, со нож го убил 55 годишниот кувар Сергеј.
Инаку, ова е хотелот каде што е сместена фудбалската репрезентација на Русија за време на Мундијалот, но фудбалерите во тој момент не биле таму.


Дел од руските медиуми објавија дека Димитри се скарал со куварот откако добил критики дека долго време разговара со трудна жена, најверојатно неговата сопруга, и оти имал кавга со неа.
Очевидци посочиле дека Димитри почнал да работи во хотелот непосредно пред СП. Велат, тој прво два часа се карал со жената по телефон, а подоцна сето тоа било искра за тешкиот инцидент.
Куварот му префрлил за тоа, а келвнерот му се нафрлил и со нож неколкупати го избодел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.