Во близина на главниот плоштад во Тетово денеска беше пронајден убиен Ф.Т. роден во 1962 година, објави ТВ “Алсат-М“. Безживотно тело е пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син, кој веднаш потоа пријавил во полиција. Убиениот е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот бил вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.
На стаклото од автомобилот се пронајдени дупки од огнено оружје, но сеуште нема информации дали станува збор за убиство или самоубиство.
Полициските сили пристигнаа на местото на настанот и целосната истрага ја спроведува тетовското Обвинителството.