Косовскиот новинар, Арлинд Садику кој ги провоцираше српските навивачи на Европското првенство е избркан од првенството.
УЕФА му ја одзема акредитацијата на Садику и тој повеќе нема да може да присуствува на натпреварите.
Садику го провоцираше навивачите со покажување на двоглав орел, а имаше и неколку инсинуации како политички, така и оние кои говорат за „Голема Албанија“.
Казната доаѓа откако Србија веднаш по натпреварот испрати жаллба до Европската куќа на фудбалот.