УЕФА ѝ забрани на Австрија користење на хит-песната на ЕУРО во Германија




УЕФА нема да дозволи австриската репрезентација да го користи хитот „L’amours toujours“ како своја химна на Европското првенство коешто за две седмици започнува во Германија, изјави шефот на одделот за односи со јавноста на УЕФА, Кристијан Визмајр во изјава за германската новинска агенција dpa.

Песната, снимена од италијанскиот диџеј Џиџи Д’Агостино, беше вклучена во серија инциденти во кои гледачите на натпревари во Германија извикуваа несоодветни, расистички пораки во мелодијата на децениската поп песна.

Австрискиот фудбалски сојуз (OEFB) ја коментираше оваа одлука преку соопштение за медиумите.

„OEFB јасно се залага за толеранција, различност и интеграција и е посветена на промовирање на соживот со почит во сите области на општеството. По неодамнешните инциденти на злоупотреба, песната нема да се емитува на натпреварите на австриската репрезентација“, објави авструскиот сојуз.

Со песната австриските репрезентативци славеа големи победи, а таа редовно се емитуваше веднаш по последниот судиски свиреж. Затоа, OEFB го вклучи „L’amours toujours“ во плејлистата за ЕУРО 2024, која беше испратена до УЕФА на одобрување во март. Пред неколку дена УЕФА го извести сојузот дека таа песна не може да ја емитуваат на германските стадиони.

Неколку грди инциденти, кои вклучуваат расистички скандирања заедно со песната, предизвикаа гнев во Германија откако видеата станаа вирални. Полицијата во неколку германски покраини, исто така, покрена криминални истраги, поради сомнение за поттикнување омраза. Снимката од лица кои се „веселат“ пред паб на островот Зилт во Северното Море, извикуваат „Странците надвор – Германија на Германците“ на мелодијата на споменатиот хит, предизвика осуда низ целата земја.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: