Жителите за ТВ “Телма“ велат дека виделе многу припадници на полиција и на судска медицина во заштитни одела, откако вработен во комунална хигиена ја пронашол кесата додека чистел на патот. Првичните наоди на увидот се дека жртвата имала повреди и дека тој што ја фрлил мртвата жена, првин ја ставил во кеса и дошол на место кое мора да го знаел како скришно иако е блиску до автопатската обиколница и како место каде се фрлаат органски остатоци.
Локалните жители на горно Оризари понекогаш го користат патот за да го скратат патот до Александар Палас и до Скопје. Сите во селото се живи и здрави, а нема ниту исчезната жена.
Се чекаат резултатите од обдукцијата.