сабота, 28 ноември 2026
Најново

Ужасна несреќа во Газа: Камион што превезувал помош за жителите се превртел, 20 загинати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Агенцијата за цивилна одбрана во Газа соопшти дека 20 лица загинале кога камион со хуманитарна помош се превртел во близина на бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа.„Дваесет лица загинаа, а десетици беа повредени синоќа кога камион што превезуваше помош се преврте додека стотици цивили чекаа помош“, изјави портпаролот на агенцијата Махмуд Басал за агенцијата Франс-прес (АФП).Локалните новинари велат дека инцидентот се случил југоисточно од Деир ал-Балах во централна Газа синоќа кратко по 22 часот по локално време.Портпаролот на здружението за приватен транспорт во Газа, Џехад Ислеим, вели дека вчера во Газа влегле 26 комерцијални камиони, од кои шест биле ограбени.Хамас го обвинува Израел дека ги принудува возачите на камиони да одат по небезбедни патишта за да стигнат до центрите за дистрибуција на помош.„Ова често резултира со натрупување камиони“, се вели во соопштението на прес-службата.

Поврзани вести