Ужасни бројки за загинати во пожарот во Кочани

Според последните информации на МВР, животот во трагедијата во дискотеката во Кочани го загубиле 51 лице, а повеќе од 100 се пренесени на лекување во болница, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од Кочани. Како што појасни тој, во врска со настанот има и приведени лица.
Пожарот, како што рече Тошковски, е последица на искри од пиротехника употребена за светлосен ефект.
„Во моентот најверојатно искрите го зафатиле таванот кој бил дел од лесно запалива материја, брзо се прошитил и се создал густ чад“, рече Тошковски.
„Со длабоката тага ја известувам јавноста дека до сега животот го изгубија 51 лице, повеќе од 100 се во болница. МВР ги презема сите мерки за утврдување на одговрност“, рече Тошковски.
Министерот најави редовни прес конференции за споделување на нови информации со јавноста.
The post Ужасни бројки за загинати во пожарот во Кочани appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.