Ужасно злосторство во Србија: Го полеала синот со бензин и го запалила, дошол да ја посети бидејќи била во куќен притвор

Полицијата од Зрењанин, по налог на основното јавно обвинителство во Кикинда ја уапсија 44-годишната С.М. од околината на Нова Црња поради постоење на основано сомнение дека извршила кривично дело семејно насилство.


Таа е осомничена дека синоќа околу 19 часот, во семејната куќа во Српска Црња, по кавга го полеала со запаллива течност, по што од се уште неутврдени причини, облеката на момчето се запалила.

Кај момчето се констатирани тешки телесни повреди во Ургентниот центар на болницата во Зрењанин, по што е префрлен на Клиниката за пластична хирургија во Нови Сас.

На С.М. и е одредено задржување од 48 часа и таа, со кривична пријава ќе биде приведена во Основното јавно обвинителство во Кикинда.

Момчето А.Т. се наоѓа во тешка состојба, додека неговиот татко Раде за медиумите раскажал дека не му е јасно како можела мајката да го повреди своето дете.

– Тој ми е најстар син. Голема рана ми е ова и тешко ми е да зборувам. Се здобил со изгореници, над 50 проценти, веројатно ќе го загуби видиот и косата му е целосно изгорена, вели неговиот татко.

Тој истакнува дека е свесен за тоа дека неговиот син понекогаш знаел да ја испровоцира својата мајка, но не може да најде причина за она што се случило.

-Која мајка може ова да му го направи на своето дете: Ме остави, отиде кај друг човек. Ацо беше лут поради тоа и го разбирам, умееше да ја навреди, но нема работи што можел да и ги каже, за таа поради тоа да го запали, вели тој.

Осомничената жена издржувала казна куќен притвор без електронски надзор, а синот и дошол во посета кога таа после кавга го полила со бензин и го запалила.

Според изјавата на нејзиниот помлад син, таа ги оставила осумте деца кај првиот сопруг и заминала да живее со друг маж кој исто така бил алкохоличар. Била казнета за нанесување на тешка телесна повреда, но не лежела во затвор.

-Да добиеше казна затвор, ништо од ова немаше да се случи, вели синот.

Истрагата за случајот е во тек, но не може да се утврди дали навистина го полила со бензин синот и го запалила. Повреденото момче поради лошата состојба не е сослушано, велат од истрагата за овој грозоморен чин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.