Ужас во Бачка Топола: Момче најден мртов во куќа на свој другар – се напил бруфен и легнал да спие

Андор О (15) е пронајден мртов во куќа на бабата на негов другар Валентин Башиќ (20), каде дошол, како што тврдат домашните на спиење.
Како што неофицијално пишуваат српските медиуми, завчера Андор бил на журка во Бачка Топола, по која не се вратил кај тетката каде што и живеел, туку отишол во куќата на другарот да преспие.
Ержебет (83), бабата на другарот на Андор за српски Курир вели дека нејзиниот правнук Валентин и Андор пред две вечери биле надвор, но долго не се задржале.
– Заспав околу 22 часот. За време на ноќта ме разбудија и ме замолија Андор да преспие во другата соба, бидејќи во собата на Валентин има само еден кревет. Не знам колку часот беше, прво зборуваа пред вратата, а потоа влегоа во соба и таму си зборуваа, а подоцна и легнале. Не знаевме дека детето починало, додека утрината не дојде неговиот татко да праша дали неговиот син е тука, зборува Ержебет со солзи во очите и продолжува:


– Околу 8 часот дојде таткото на детето и ме праша каде му е синот. Му реков да погледне во собата, бидејќи не видов дека стана. Таткото таму го најде во кревет, тој лежеше покриен без да мрдне. Таткото викна: „Стани сине“, но тој починал. Сите сме во шок, не знаеме што се случило, вели бабата и додава дека веднаш повикале полиција.
Другарот на Андор вчера бил во целосен шок. Тој вели дека завчера Андор и тој слушале музика кај него во соба и после тоа Андор рекол дека не сака да оди дома.
– Се пожали дека го боли глава, па се напи бруфен, за кој ми рече дека го нашол некаде и легнал да спие. Алкохол не пиевме, пиевме само сок. Утрината видовме дека е мртов, раскажува Валентин и додал дека Андор неодамна раскинал со девојата.
Тој дал изјава во полиција, а истрагата околу смртта е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.