Ужас во Индонезија,1200 загинати

Бројката на загинати по катастрофалниот земјотрес и цунами во Индонезија веќе надмина 1.200 луѓе. Индонезискиот претседател Џоко Видодо упати барање за меѓународна помош во справување со последиците од катастрофата, но засега не е прецизирано каков вид на помош најмногу е потребнa.


Потресите и бранот најсилно го погодија островот Сулавези, од каде новинарите јавуваат дека во градот Палу најмалку 300 жртви биле закопани во масовна гробница со цел да се избегне ширење на заразни болести.
По загинати и повредени сеуште се трага, па постои опасност бројките уште да растат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.