УЖАС ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Зградата гори, луѓето се фрлаат од балкони за да се спасат

Се’ уште не е позната бројката на луѓе кои скокнале од становите во зграда во Лос Анџелес откако се запалил стан на 6. кат во станбена зграда.
Пожарникарите добиле дојава околу 08:30 часот, а за тамошните медиуми изјавиле дека уште не знаат колку точно луѓе скокнале, јавува „Дејли меил“.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видео-снимки од пожарот.
Во истата зграда пожар имало и во 2013 година, тогаш на 11. кат, со осуммина повредени луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.