Филипини: За време на католичката миса експлодирала бомба, четири лица загинале!

Во експлозија на бомба за време на католичка миса во образовна институција во градот Марави на југот на Филипините, четири лица загинаа, а неколку луѓе се ранети Филипинските власти денеска ја подигнаа состојбата на готовност на безбедносните служби на највисоко ниво.

На Крим е прогласена вонредна состојба откако излеана нафта стигна до бреговите на Севастопол
На Крим денеска е прогласена вонредна состојба поради загадувањето со нафта на плажите кај Севастопол, најголемиот град на полуостровот.Нафтата се излеа од два танкери погодени од невремето пред речиси три недели во Керчкиот теснец, …
Најточниот неделен хороскоп од 6 до 13 јануари! Ретроградниот Марс во Рак погодува 4 знаци
Ретроградниот Марс утре се враќа кај Ракот, каде што ќе донесе емотивна кулминација во сите области од животот. Оваа планетарна положба ќе донесе предизвици за Раковите, Јарците, Вагите и Овенот. Полната месечина нè очекува …

-Најостро го осудувам бесмисленото грозоморно злосторство извршено од странски терористи. Екстремистите кои вршат насилство врз невините секогаш ќе ги сметаме за непријатели на нашето општество – изјави филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, пренесува Ројтерс.

Експлозијата во градот, кој беше контролиран од милитантите на Исламската држава пет месеци во 2017 година , се случи по убиството на 11 екстремисти во петокот, во воена операција во провинцијата Магуинданао дел Сур, на околу 200 километри од Марави.

Повикувајќи на смиреност, Маркос објави на платформата X (Твитер) дека им наредил на полицијата и војската да „обезбедат заштита и безбедност на цивилите и ранливите заедници“.

– Бидете сигурни дека сторителите на овој безмилосен чин ќе ги изведеме пред лицето на правдата – изјави генералот на филипинската армија Габриел Вирај Трети, оценувајќи дека станува збор за „терористички чин“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.