УЖАС! 12-ГОДИШЕН УЧЕНИК ЗА ВЛАКНО НЕ УБИЛ СОУЧЕНИК ВО УЧИЛИШТЕ ВО ВЕЛЕС!

Ученик нападнал и тешко повредил соученик во Основното општинско училиште „Блаже Конески“ во Велес, дознава Инфомакс.

Нападот можел да заврши и трагично, но нападнатиот ученик за среќа е во стабилна состојба.

Во текот на вчерашниот ден, според информациите до кои дојде Инфомакс, 12-годишен ученик нападнал свој соученик, почнал да го дави детето до степен жртвата да изгуби свест. Откако останатите деца од одделението се исплашиле и реагирале, напаѓачот го пуштил детето што давел, детето паднало на подот и ја удрило главата по што почнало да му тече крв од ушите. Децата биле преплашени, настанот се случил на одмор, а прва реагирала наставничка која викнала брза помош од каде констатирале дека детето е во критична ситуација, по што било испратено итно во Скопје.

Детето во бессознание е донесено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, а благодарение на брзата интервенција на лекарите истото моментално е во стабилна состојба.

Настанот бил пријавен во МВР, од каде го потврдуваат инцидентот.

социјално, општински инспекто

– На 20.11.2024 во Полициска станица Велес било пријавено дека во Општинско основно училиште во Велес, малолетник физички нападнал друг малолетник-негов соученик. Со Итна медицинска помош Велес малолетникот бил однесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. За настанот известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес. СВР Велес презема мерки за расчистување на случајот, изјавија од СВР Велес за Инфомакс.

Директорката на училиштето, во разговор со Инфомакс потврди дека се случил немилиот настан и истакна дека училиштето ги презема сите законски мерки. Покрај МВР известени биле и Центарот за социјални работи Велес, општинскиот просветен инспектор и државниот просветен инспектор.

Пронајдете не на следниве мрежи: