Останува мистерија исчезнувањето на Вања!Било пријавено два пати: Се огласи и МВР

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот наутро во Скопје на пат кон училиште, додека денеска полицијата објаснила зошто два пати во различни периоди била пријавена за исчезната.

Нејзиниот татко Александар, на 27 ноември во 11:00 часот пријавил дека истиот ден во 07:27 часот неговата малолетна ќерка веќе излегла од станот и отишла во ОУ „Јохан Ханјрих“, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Илон Маск повеќе не изгледа исто: Милијардерот објави фотографија од својот нов имиџ, а мрежите гореа: „Имаш доволно пари за да…” (фото)
Илон Маск ја завршува годината со остварување личните цели. Милијардерот сподели фотографија на која го покажува својот импресивен напредок во слабеењето додека внесува доза празничен …
Кривичен го отфрли предлогот за мерки за претпазливост за Васко Ковачевски
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против В.К. од 11 декември …

Неговата изјава предизвика бурни реакции во јавноста, бидејќи новата информација ја споредија со вестта кога мајката на Зорица го пријавила исчезнувањето на Вања.

– Мајката на девојчето го пријавила нејзиното исчезнување на 27 ноември, во 08:35 часот, кога се јавила на итниот број. Пријавите потоа беа проследени до надлежните институции. Таткото, пак, официјално го пријавил исчезнувањето дури во 11 часот во полициска станица – соопшти МВР на Македонија.

Се сомневаме дека е киднапирана

За потсетување, Вања исчезна на 27 ноември во Скопје на пат кон училиште, додека нејзините родители Зорица и Александар се сомневаат дека е киднапирана.

Девојчето, како што беше наведено претходно, е високо 175 см, тежи 58 кг, темно кафеава коса, кафени очи, носи протези, има бенка од десната страна на лицето, а носела син џемпер, кратка црна јакна и црни фармерки со странични џебови и бели Nike патики со кафени риги на ѓонот.

Мајката на Вања на „Фејсбук“ изјавила дека нејзината ќерка одела на училиште во 7 часот и 20 минути наутро и дека оттогаш и’ се губи секаква трага. Последен пат била видена на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“ од каде се изгубила, а последниот сигнал од нејзиниот телефон бил преку улицата од Универзална сала.

– Полицијата работи интензивно. Не сакам да се сомневам во ништо и во овие моменти морам да останам силна. Јас сум во контакт со полицијата неколку пати на ден, им кажувам сè што ми паѓа на памет, сè што знам, што е важно за истражителите… Тие буквално работат деноноќно. Секако дека се надевам на најдоброто – изјави Зорица.

Распишана е меѓународна потерница од Интерпол, лажен профил од Косово тврди дека е со него!?

На барање на МВР, распишана е меѓународна потерница од Интерпол, жолта потерница што значи дека сите полициски припадници на Интерпол добиле таква информација, во случај таа повеќе да не е на територијата на Република Македонија.

Во коментарот под објавата на нејзината мајка, лажен профил од Косово, кој ја злоупотребил фотографијата на имам од Албанија, напишал дека девојката била со него.

На Фејсбук кружат низа други дезинформации за нејзиното исчезнување, придружени со вознемирувачки и недолични коментари. Сите досегашни вести за наводното пронаоѓање на девојчето беа навремено демантирани од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.