Укината затворската казна за дедото на Тамара

Aпелациониот суд донесе одлука да му ја укине затворската казна од 7,5 години на дедото на малата Тамара кој пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. По жалба на одбраната на дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, судот одлучи судењето да почне одново.
Стојановски пукаше во ексминистерот Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должноста на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година. Казна затвор од една година му беше одредена за поседување на оружје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.