Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

Најточниот неделен хороскоп од 6 до 13 јануари! Ретроградниот Марс во Рак погодува 4 знаци
Ретроградниот Марс утре се враќа кај Ракот, каде што ќе донесе емотивна кулминација во сите области од животот. Оваа планетарна положба ќе донесе предизвици за Раковите, Јарците, Вагите и Овенот. Полната …
РУСИЈА МОБИЛИЗИРА ОД 140.000 ДО 180.000 ЗАТВОРЕНИЦИ ЗА ВОЈНАТА: Откриени нови детали за воената стратегија на Кремљ
Русија мобилизирала меѓу 140.000 и 180.000 затвореници кои се бореле во војната против Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на украинската Служба за надворешно разузнавање. Според нејзините податоци, заклучно со ноември минатата …

-Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.