Во текот на вчерашниот ден во 20:45 часот Р.З.(41) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот додека не била присутна во Клиника за детски болести во собата каде престојувала со нејзиното малолетно дете во моментот кога се вратила во клиниката забележала дека нејзиното дете го нема, информираат од МВР.
Истата се упатила кон вработените кои и кажале дека 17 годишна мајка која лежела на клиниката со нејзиното дете и истата не била осигурана избегала од клиниката за да не ги плати трошоците и од нејзина страна е земено и детето на пријавителката.
По кратко време била контактирана од домашните кои и посочиле дека 17 годишното лице дома го донела нејзиното дете.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.