Украина бара 30-дневен прекин на огнот

Украина ја повика Русија да се согласи на „целосен и моментален прекин на огнот од најмалку 30 дена“, откако претседателот Владимир Путин денес објави тридневен прекин на огнот од осми до единаесетти мај по повод годишнината од крајот на Втората светска војна, односно Денот на победата над фашизмот, пренесоа медиумите.

„Ако Русија навистина сака мир, таа мора веднаш да ги прекине непријателствата“, инсистираше украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига во „Екс“.

„Зошто да чекаме до 8 мај?“ праша тој, додавајќи дека Украина е подготвена да поддржи целосен и траен прекин на огнот. „И ова е нашиот траен предлог, најмалку 30 дена“, истакна Сибига.

Претходно денес, рускиот претседател Владимир Путин објави тридневен прекин на огнот во Украина следниот месец за 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна, објавија светските агенции. Кремљ објави дека 72-часовното примирје ќе биде во сила од полноќ на 7/8 мај до полноќ на 10/11 мај и ја повика Украина исто така да го почитува. Во соопштението од прес-службата на Кремљ се вели дека во случај на прекршувања од страна на украинската страна, руските вооружени сили ќе дадат „соодветен и ефикасен одговор“, пренесува БТА.

Пронајдете не на следниве мрежи: