Украина и Русија започнаа поморска војна вечерва

Руската агенција за внатрешна безбедност ФСБ, објави дека по нарушувањето на државната граница на Русија од саботата утрото, во 19 часот по локално време во неделата (20 часот по македонско), бил направен уште еден обид за нелегални дејствија во областа на руските територијални води. Притоа се истакнува дека украинските бродови „не реагирале на легалните и законски барања“ на бродовите и чамците на пограничната служба на ФСБ и на Црноморската флота веднаш да запрат, правејќи притоа опасни маневри, се додава во соопштението кое го пренесуваат руските медиуми
„Поради присилно запирање на украинските воени бродови, беше користено оружје.
Тоа резултираше со запленување на сите три пловила на воената морнарица на Украина во територијалните води на Руската Федерација во Црното Море. На тројцата ранети војници на вооружените сили на Украина им е укажана лекарска помош. Нивните животи не се загрозени“, истакнуваат од ФСБ. Украина, пак, објави дека се ранети шест нејзини морнари. Киев објави дека по состанокот на полноќ по локално време нејзиниот Совет за национална безбедност и на Совет за одбрана, е прогласена вонредна воена состојба. Донесена е одлука за прогласување воена состојба на територијата на Украина во следните 60 дена, а решението треба да го потврди парламентот Врховната Рада.
Повеќе: Русија Украина конфликт

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.