Украина и САД потпишаа меморандум за договорот за суровини

Првиот обид заврши со скандал, но според американскиот претседател Трамп, договорот за суровини со Украина би можел да биде склучен веќе следната недела. Како меѓучекор, двете земји сега потпишаа меморандум.
По долги натегања, Украина и САД потпишаа меморандум за разбирање пред склучување договор за суровини. Ова го објави украинската министерка за економија и вицепремиер Јулија Свириденко на Фејсбук.
„Денеска беше направен чекор кон договор за заедничко економско партнерство со САД“, напиша таа. Текстот на самиот договор, со кој САД би добиле пристап до ретките минерали и суровини и други вредни ресурси во Украина, допрва треба да биде финализиран.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави потпишување на договорот за следната недела. Тој на новинарите во Белата куќа им изјави дека тоа може да се случи веќе следниот четврток.
Според Свириденко, документот мора да биде ратификуван и од парламентите откако ќе биде потпишан. „Се подготвуваме да формираме фонд за инвестиции во обновата на Украина“, соопшти таа. Договорот ќе овозможи значителни инвестиции, модернизација на инфраструктурата и заемно корисно партнерство. Тоа е инвестиција во иднината за слободна, суверена и безбедна Украина. Но, има „уште многу да се направи“, додаде таа. Сепак, сегашното темпо и „значителниот напредок“ сугерираат дека „документот ќе биде многу корисен за двете земји“.
Повеќе тука
The post Украина и САД потпишаа меморандум за договорот за суровини appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: