На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловиев, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
- Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Во моментов се зајакнуваат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
- Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евраВо акцијата „Моби Дик“, која ја води Европското јавно обвинителство- прочитај повеќе
- Го сврте грбот кон публиката и почна да се полива! Поради скандалозното однесување на пејачката, јавноста згрозена, бара забрана за нејзините настапи! (ВИДЕО)Пејачката Ема Радујко не престанува да ја шокира домашната јавност.Имено, поради провокативната- прочитај повеќе
- Путин го покани Вучиќ во Москва: Еве што пишува во писмото на рускиот претседателСрпскиот претседател Александар Вучиќ добил покана од рускиот претседател Владимир Путин да- прочитај повеќе
- 18 годишно момче кршело покуќнина и ја нападнал мајка сиНа 17.11.2024 во 21.00 часот во скопско село, полициски службеници- прочитај повеќе
- Ова се најатрактивните хороскопски знациНекои луѓе едноставно зрачат со посебна самодоверба и харизма. Иако- прочитај повеќе
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјоновка.
- Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјоновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграм канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Инаку, Украина покрена истрага против бригадата која без наредба се повлече од позицијата кај Очетерин!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.