Русија била цел на напад со беспилотни летала врз воена база во близина на Рјазан и пристаниште во Новоросијск, пренесува каналот Астра Телеграм.Снимката од експлозијата која кружи на Интернет укажува на сериозноста на ситуацијата. Меѓутоа, гувернерот на регионот Рјазан, Павел Малков, тврди дека одбранбените сили собориле три беспилотни летала. Руското Министерство за одбрана потврди дека повеќе од 20 украински беспилотни летала биле пресретнати во шест региони.
Drone attack was reported across Russia on social media. Explosions were heard around the Dyagilevo Airbase, close to Ryazan.Drones and explosions are also reported in Novorossiysk, Taganrog, and Bryansk. pic.twitter.com/4XrU61Osf4— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 4, 2024
Мета на беспилотните летала била воздухопловната база, која се наоѓа на 500 километри од фронтот и е дом на стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво, како и пристаништето Новоросијск, каде се стационирани ракетни носачи.
BREAKING:Ukraine has launched a large swarm attack of suicide drones against military targets in Russia.The drones attacked Dyagilevo airbase in Ryazan and the Russian Navy port in Novorossiysk.Drones also struck targets in Taganrog and Bryansk. pic.twitter.com/NfamWVXCc8— Visegrád 24 (@visegrad24) December 4, 2024
– Силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија три беспилотни летала над регионот Рјазан – изјави гувернерот на регионот Рјазан.