Украина повторно удри силно на Белгород! Извршен нов напад, соопшти гувернерот!

Во украинскиот напад на Белгород, еден човек загина, а уште пет лица се повредени, изјави гувернерот на тој руски град Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.

  • Според првичните податоци, едно лице загина – маж возел автомобил кога до него експлодирала граната. Починал на лице место од шрапнели – напишал гувернерот изразувајќи сочувство до семејството и пријателите на починатиот, пренесе РИА Новости.
Украина бара НАТО земјите да ѝ достават на системи за пресретнување на ракетите Орешник
Партнерите на Украина треба да одговорат на руската уцена со обезбедување на Киев со системи за противвоздушна одбрана, кои можат да пресретнат балистички ракети со среден дострел …
Во оваа земја не се простувало неверство: Брачна измама — три месеци затвор
Државата Њујорк во петокот го укина ретко користениот закон од 1907 година, според кој брачната измама е прекршок што се казнува со три месеци затвор.Гувернерката Кети Хочул …

Покрај тоа, четири лица се повредени во близина на пазарот, додаде Гладков.

Две лица, маж и жена, се здобиле со рани од шрапнели и се хоспитализирани.

Уште двајца мажи се хоспитализирани, рече тој, а една жена, која била погодена од шрапнел во раката додека била во автобусот, е префрлена во Ургентниот центар.

Според руското Министерство за одбрана, Белгород денеска бил два пати нападнат.
Околу 13 часот, украинските сили се обиделе да нападнат цели на руска територија, при што извршиле напад од повеќецевниот ракетен систем Вилха, а дежурните системи за противвоздушна одбрана уништиле пет проектили над регионот Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана.

Првиот напад се случи околу пладне, кога системите за противвоздушна одбрана соборија четири проектили истрелани од Алдер, при што беше повредено едно лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.