Украина презентираше докази дека Русија истрелала севернокорејски ракети кон градот Харков

Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак, вчера ја потврди информацијата на САД дека за прв пат од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, Москва неделава употребила севернокорејски балистички ракети за да ја нападне Украина.

Прес-секретарот на канцеларијата на регионалното обвинителство во Харков, Дмитро Чубенко, рече дека предметната ракета, една од неколкуте испукани во Харков на 2 јануари, е различна по тип и дизајн од руските модели.

Исчезнат жител на Младо Нагоричане
Сподели со своите пријатели: Чиетиресет и едногодишник од селото Младо Нагоричане бил пријавен за исчезнат вчеравечер од неговата мајка. – На 22.11.2024 година во …
Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во …

Русија оваа недела го нападна северниот град Харков, втор по големина во Украина – со неколку ракети, при што загинаа двајца и беа повредени повеќе од 60 луѓе во еден од нејзините најмасовни ракетни и беспилотни напади од почетокот на инвазијата на соседната земја пред речиси две години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.